Дома Топ вести Ѕвездено засилување за Рома – пристигнува ѕвездата од Премиер лигата

Ѕвездено засилување за Рома – пристигнува ѕвездата од Премиер лигата

После заминувањето на Мохамед Салах во Ливерпул, раководството на Рома беше во потрага по негова замена, па по се изгледа дека ја пронајде во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањето на италијанските медиуми Рома постигнала договор со Лестер за трансферот на Ријад Марез, кој би требало да пристигне на „Олимпико“ за вкупно 38 милиони евра.

„Волчицата“ за Алжирацот ќе плати 35 милиони евра, плус 3 милиони како бонуси, понуда која ги убеди „лисиците“ да го пуштат играчот иако првично бараа 40 милиони евра.

Марез во наредните денови треба да пристигне во Рим на медицински прегледи, а потоа ќе потпише 5-годишен договор со Рома.

26-годишниот крилен фудбалер во 2016 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, па сигурно ќе биде големо засилување за „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…