Дома Фудбал Останато Ѕвездата на Тотенхем откри детали за најчудниот натпревар: Добивме ќотек, едвај излековме жива глава! (ВИДЕО)

Ѕвездата на Тотенхем откри детали за најчудниот натпревар: Добивме ќотек, едвај излековме жива глава! (ВИДЕО)

Ни пренос, ни гледачи…Јужна Кореја не победи, но на крајот најважно што успеале безбедно да го напуштат Пјонгјанг.

Немаше слики, немаше гледачи…На двајца членови на делегацијата на Јужна Кореја им беше дозволено да твитуваат, но само за резултатот и измените.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На крајот дуелот на двете Кореи во Пјонгјанг заврши без голови, а како што откри напаѓачот на Тотенхем, Сон натпреварот не поминал без проблеми.

„Како беше? Добро е што извлековме жива глава и што никој не беше повреден. Никогаш не сум играл ваков натпревар, немаше жива душа, а летаа удари и навреди на сите страни“, изјави најпознатиот играч на Јужна Кореја.

Поделените земји се во техничка војна 70 години бидејќи мировен договор никогаш не беше потпишан. Последен пат играа во Пјонгајнг во 1990 година. Кога Северна Кореја беше домаќин во некои претходни натпревари играа во Кина.

„Не навредуваа и плукаа по нас. Добив и неколку удари во лицето, јасно е дека фудбалот не им беше во прв план. Имаше многу опасни стартови. Како војна, тие на тој начин го сфатија натпреварот“, откри Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …