Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Мастерсот во Париз, откако попладнево го победи Димитров со 7:5,6:4.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Димитров му пружи силен отпор на Ѓоковиќ, но немаше сили да го запре најдобриот тенисер во светот. Во тајбрекот, Бугаринот имаше предност од 5:3 но Ѓоковиќ одговори со четири поени во низа што значеше и освојување на првиот сет.
Во вториот сет Ѓоковиќ направи еден брејк и го доби со 6-4 за триумф од 2-0 во сетови.
Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Надал или Шаповалов.