Дома Тенис Ѓоковиќ рутински во четвртфинале во Париз

Ѓоковиќ рутински во четвртфинале во Париз

Новаќ Ѓоковиќ обезбеди пласман меѓу најдобрите осум тенисери на Мастерсот во Париз, откако во два сета со 7:6,6:1 во осминафиналето го совлада Британецот Кајл Едмунд.

Во првиот сет и двајцата тенисери беа перфектни на свој сервис, па се играше тајбрејк, кој го доби Ѓоковиќ, со 9-7.

Во вториот сет, српскиот тенисер заигра на очекуваното ниво и со два брејка го реши сетот со 6:1, и се пласираше во четвртфинале каде ќе игра со Циципас.

На турниот во Париз внимание привлече и дуелот на  Григор Димитров против Австриецот Тим, кој бугаринот со извонредна игра го доби со 2-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…