Дома Тенис Ѓоковиќ пред дуелот со Зверев: Во Токио се распаднав, сега е поинаку

Ѓоковиќ пред дуелот со Зверев: Во Токио се распаднав, сега е поинаку

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако во четвртфиналето го победи Матео Беретини со резултат 3-1.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Зверев, па ќе има можност да му се реваншира за поразот на Олимписките игри.

„Олимписките игри имаа тежок крај за мене. Доминирав на турнирот до полуфинале и потоа загубив од Зверев. Водев со 6:1 имав и 3:2, а потоа играта ми се распадна. Се случува“, истакна Ѓоковиќ.

„Почнав малку да се сомневам во моите удари, додека Зверев почна да ја чита мојата игра и да сервира добро. Имаше многу лесни поени. Овде во Њујорк игра многу добро, но сега е поинаква приказна“, вели Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…