Новак Ѓоковиќ донесе одлука да го пропушти Мастерсот во Синсинати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот тенисер не успеа да дојде до златото на олимписките игри за кое беше фаворит, а на сето тоа остана и без никаков медал. По ова тој призна дека кај него постои психички и физички замор, па сака одморен да го дочека УС Опен.
„Ќе го прескокнам турнирот во Синсинати за тоа време да го поминам со семејството. Од Австралија до Токио многу се истрошив, па сега сакам целосно да се опоравам за УС Опен. Се радувам што ќе се видиме во Њујорк“, порача Ѓоковиќ.