Дома Останати Тенис Ѓоковиќ е машина – во три сета го „сомле“ Лехечка

Ѓоковиќ е машина – во три сета го „сомле“ Лехечка

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во четвртфиналето на Австралијан опен, откако во осминафиналниот дуел со убедливи 3-0 во сетови го совлада чешкиот тенисер Јиржи Лехечка. Со оваа победа, српскиот ас закажа возбудлив дуел со младиот шпански талент Карлос Алкараз.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со прецизна игра и одлично реализиран брејк во осмиот гем, кој му донесе предност од 5-3. Во следниот гем, Ѓоковиќ сигурно сервираше за конечни 6-3.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Вториот сет започна одлично за српскиот тенисер, кој уште на почетокот направи брејк и го презеде водството. Иако Лехечка се обидуваше да се врати во игра, Ѓоковиќ ја задржа својата предност до крајот, освојувајќи го сетот со 6-4.

Третиот сет понуди нешто поголема неизвесност. Како и во вториот, Ѓоковиќ рано направи брејк, но Лехечка успеа брзо да возврати и да го израмни резултатот на 1-1. Чешкиот тенисер се бореше храбро и избори тај-брејк, но таму Ѓоковиќ покажа зошто е еден од најдобрите во историјата на овој спорт, триумфирајќи со 7-4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најбогатиот човек во светот застана во одбрана на Ѓоковиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ реши јавно да се огласи на социјалните мрежи поради хаосот на Австралија опе…