Дома Топ вести Што го кочи договорот помеѓу Марсијал и Јунајтед и дали ПСЖ и Јуве можат да го „украдат“!?

Што го кочи договорот помеѓу Марсијал и Јунајтед и дали ПСЖ и Јуве можат да го „украдат“!?

Сагата околу новиот договор на Антони Марсијал се уште е актуелна. Иако во летниот преоден рок беше решен да замине од „Олд Трафорд“, сепак Французинот сега е блиску до нов договор.

Марсијал во летниот преоден рок беше незадоволен од својот статус, одбиваше да го продолжи договорот, бараше трансфер, но сепак остана на „Олд Трафорд“ и во последно време се врати во првиот тим.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Последните информации од Островот се дека Французинот сепак одлучил да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, но сепак има нешто што го кочи ставањето на неговиот потпис.

Имено, Марсијал од клубот бара скоро двојно поголема плата. Тој во моментов заработува 85.000 евра неделано, а бара зголемување од 170.000 евра неделно (9 милиони годишно). Раководството пак смета дека тоа е премногу и му нуди нешто пониска плата.

Во меѓувреме Јувентус и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да го „украдат“ Французинот.

Сепак, во моментов многу поголеми се шансите 22-годишниот напаѓач да потпише нов договор, отколку да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…