Шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ која е специјализирана за фудбал објави дека Диего Симеоне ја минува последната сезона на клупата на Атлетико Мадрид.
Атлетико Мадрид ја игра најлошата сезона откако Симеоне е на клупата. „Јорганџиите“ беа последни во групата од Лигата на шампионите каде што играа со Порт, Клуб Брижи и Баер Леверкузен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако реално имаа поквалитетен тим од сите овие три тима порано го завршија настапот во Европа.
На клубот не му оди ниту во првенството. Во овој момент се на петтото место на табелата со дури пет порази во 16 натпревари и три нерешени натпревари. Зад лидерот Барселона во првенството заостануваат цели 14 бодови.
И во други шпански медиуми може да се прочита дека во играта на Атлетико може да се види засистеност од стилот на Симеоне, очигледно е дека на тимот му е потребна свежина и нов проект.