Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Роналдо може да се пресели во Барселона

Шпанците тврдат: Роналдо може да се пресели во Барселона

Кристиано Роналдо го информирал својот агент Жорге Мендеш дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот наводно е многу незадоволен од тоа како се развиле работите по неговото враќање на „Олд Трафорд“, иако има постигнато 14 гола на 21 настап. Но, Јунајтед заостанува 22 бода зад водечкиот Манчестер Сити, и Роналдо е фрустриран од ситуацијата.

Мендеш пристигнал во Англија за да одржи состанок со Роналдо, а каталонски „Спорт“ информира дека Португалецот не исклучува трансфер во Барселона.

Мендеш наскоро ќе започне преговори со неколку клубови, меѓу кои и Барселона, бидејќи познато е дека Чави бара засиливање во нападот.

Сепак, овој трансфер е тешко остварлив во моментов бидејќи Барселона нема можност да ја плаќа високата плата на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…