Дома Трансфер зона Шпанецот Пако Алкасер го претставија во новиот клуб, па 40 часа подоцна го отпуштија

Шпанецот Пако Алкасер го претставија во новиот клуб, па 40 часа подоцна го отпуштија

Шпанецот Пако Алкасер е без клуб откако беше ослободен и од Виљареал и од клубот каде што требаше да настапува Ал Шараџа од ОАЕ.

Неверојатен пресврт се случи во ситуацијата со искусниот напаѓач. Виљареал го испрати на позајмица во Ал Шараџа, во договорот имаше и опција за негов откуп по истекот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помина Алкасер осум часа за да стигне во ОАЕ, имаше и фотографија со дресот за новиот клуб, но на крајот нема да заигра. Раководството на Ал Шараџа 40 часа по претставувањето се премисли.

Звучи неверојатно но така е, откако го претставија заклучија дека не им е толку потребен. Во меѓувреме Алкасер го прекина договорот со Виљареал и сега е слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…