Дома Фудбал Германија Преродба како онаа на Батчуаи: Борусија го откупи договорот на каталонскиот напаѓач за 21 милиони евра

Преродба како онаа на Батчуаи: Борусија го откупи договорот на каталонскиот напаѓач за 21 милиони евра

Борусија Дортмунд и оваа година покажа дека има неверојатен нос за напаѓачи.

Откако ги „израсна“ Левандовски и Обамејанг, Борусија изминатата зима го препороди и заборавениот Мичу Батчуаи. Белгиецот дојде на позајмица од Челси и на 14 натпревари постигна 9 погодоци. Жолто-црните сакаа да го откупат, но Челси бараше повеќе пари, па Борусија го врати во Лондон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во потрага по ново потенцијално напаѓачко решение, ова лето и се обратија на Барселона која ниту самата не знаеше што да прави со Пако Алкасер. Некогашниот играч на Валенсија пристигна летото 2016. година за 30 милиони евра, но во 50 натпревари постигна само 15 погодоци и не се снајде најдобро на „Камп Ноу“.

Токму такви играчи сакаат во Дортмунд, па, како и Батчуаи го извлекоа од нафталинот и го доведоа на позајмица за 2 милиони евра. Барселона во договорот ставила и клаузула од 21 милиони евра ако Германците го следното лето одлучат да го задржат Алкасер во што и потајно се надеваа.

Но, 25-годишниот Алкасер се разбуди во Дортмунд. Во само 8 натпревари и 400 минути минати на теренот, Шпанецот постигна 9 погодоци со неверојатен просек од еден погодок на секоја 44. минута. Против Леверкузен постигна 2 за само 27 минути, а против Аугзбург постигна хет-трик во лудиот пресврт 4:3. На теренот во тој меч беше само 31 минута.

Борусија одлучи дека нема да чека и оваа недела го откупи неговиот договор за 21 милиони евра, а Алкасер потпиша договор до 2023. година. Борусија ќе го потврди трансферот овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…