Дома Топ вести Шок за Реал: Рамос мора да оди на операција!

Шок за Реал: Рамос мора да оди на операција!

Крајно лоши вести пристигнуваат за Реал Мадрид.

Серхио Рамос мора на операција на коленото поради што го чека повеќенеделна пауза. Оваа вест пристигна денес од повеќе извори од Шпанија, Рамос го чека пауза од околу шест недели што значи дека ќе пропушти важен дел од сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Реал ќе го пропушти двомечот со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампионите и уште најмалку осум лигашки натпревари меѓу кои е и градското дерби со Атлетико.

Реал без Рамос не е ист тим, тандемот Милитао – Варан минатата сезона доживеа премногу порази оваа сезона, Кадиз, Шахтјор, Алавес, Леванте…Бразилецот сега е и суспендиран па денес ќе го менува што туку опоравениот Начо Фернандес кој имаше коронавирус.

„Кралевите“ не блескаат ниту во одбраната ниту во нападот, секаде мечат, а сега и без Рамос во овој важен период изгледа немаат многу шанси.

Ќе потсетиме, Рамос се уште не потпишал нов договор и се поблиску до заминување на крајот од сезоната кога ќе стане слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…