Дома Македонски спорт Шок за Македонија пред Словенија: Лазаров ќе биде само селектор!

Шок за Македонија пред Словенија: Лазаров ќе биде само селектор!

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А.

Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг.

По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница.

За ваквите повреди потребное мирување од три недели. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Драматичниот финиш со трагичен крај за Вардар (Видео)

Вардар беше на чекор до позитивен резултат против Нант, но францускиот тим успеа да слави …