Дома Фудбал Останато Шест опции каде што може да оди Гвардиола ако замине од Манчестер Сити

Шест опции каде што може да оди Гвардиола ако замине од Манчестер Сити

Повеќе не изгледа така сигурно дека Пеп Гвардиола уште долго ќе биде тренер на Манчестер Сити, по најавите дека „граѓаните“ можат да бидат сериозно казнети поради кршењето на финансискиот фер-плеј се појавија и шпекулации дека Пеп може да замине.

Процесот во кој е обвинет Манчестер Сити може да трае долги години, а „Атлетик“ веќе пишуваше дека шпанскиот стратег не сака да работи во неизвесност и веројатно нема да остане уште долго.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По ваквите информации се појавија и шест опции кои би можеле да бидат реалност за Гвардиола. Интересно е што дури пет од шесте опции се репрезентации и на клупски план тука е само ПСЖ.

Петте репрезентации кои се најавуваат како можна нова дестинација на Гвардиола се: Бразил, Аргентина, Холандија, Шпанија и Англија.

„Мирор“ пишува дека Гвардиола го одбил Бразил на крајот на 2022 и дека наводно тогаш го известил Серхио Агуеро дека во иднина би сакал да биде селектор на Аргентина каде што би можел одново да соработува со Лионел Меси.

Холанѓаните исто така имале обид да го доведат Гвардиола, но тука како проблем се нагласуваат неговите каталонски ставови и поддршката на каталонскиот сепаратизам поради тоа во една ситуација Гвардиола и изјави дека таа работа нема никогаш да му биде понудена.

Се поврзуваше Гвардиола и со Англија, но многу одамна во 201 година тогаш не бил сериозна опција затоа што во репрезентацијата сакале Англичанец. Кога е ПСЖ во прашање се пишува дека Гвардиола не работел само во Франција и Италија и бидејќи Јувентус во Италија е во тешка ситуација опција бил ПСЖ во Франција каде што повторно се споменува и соработката со Меси. Други клубови не се споменуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…