Дома Македонски спорт Мак фудбал Шампионот падна во Тетово: Шкендија до минимална победа

Шампионот падна во Тетово: Шкендија до минимална победа

Во заостанатиот дерби натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига, денес Шкендија славеше минимална победа против актуелниот шампион Струга Трим Лум, 1:0.

Натпреварот во првото полувреме понуди динамична игра и на двете страни, изгледаше дека Шкендија е поблиску до водство. Стружани имаа свои шанси, но тетовскиот прволигаш беше многу поконкретен, а еднаш беше погодена и стативата од голот на Ќосевски.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На полувреме се замина со почетните 0:0. Веднаш на стартот од вториот дел Алмир Аганспахиќ дојде до предност од 1:0.

Струга не се откажуваше создаваше шанси и напаѓаше, меѓутоа мрежата на Шкендија не се тресеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени имињата на клубовите кои добија лиценца настап во Европа

Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека …