Дома Останати Ракомет Червар: Македонците ми дадоа државјанство, па ми го украдоа златото

Червар: Македонците ми дадоа државјанство, па ми го украдоа златото

Лино Червар никако не се помирува со фактот што не успеа да дојде до златен медал со Хрватска на Европското првенство, Хрватите во финалето беа поразени од Шпанија.

Правдата во финалето ја делеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Иако пофалби за арбитражата за македонската судиска двојка пристигнуваа од сите страни, Червар и понатаму тврди дека биле ограбени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„После финалето ми се јавија поранешни судии, помеѓу нив беа и некои најпознати имиња во ракометот. Сити ми кажаа едно исто: „Лино, вие бевте оштетени во финалето“. Бевме оштетени о 10 ситуации. Одзмено ни беше златото. Во ракометот сум 45 години и во Хрватска, Италија и Македонија имам добиено најголеми почести. Македонците ми дадоа државјанство, но ете сега ми го украдоа златото. Ракометот е мој живот сакам да останам и да работам по своја визија“, изјави Червар во интервјуто за хрватските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…