Повеќе пати во изминативе неколку месеци Тибо Куртоа изрази желба да го напушти Челзи и да се пресели во Мадрид, каде што му е семејството.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, тоа се уште не се случи, но се смета дека тоа ќе се случи во следниве неколку дена, повеќе европски угледни медиуми пишуваат за неговиот трансфер во Реал Мадрид.
Имајќи во предвид дека трансфер периодот за англиските клубови завршува во четврток, Челзи би морал брзо да реагира и да доведе замена за белгискиот голман кој е прогласен за најдобар на Мундијалот во Русија.
Челзи би требало да заработи повеќе од 30 милиони фунти за трансферот на Куртоа, а тие пари би можел да ги искористи во доведување на друг голман.
Станува збор за голманот кој настапува за Билбао, Кепа. Тој беше мета на Реал Мадрид во изминатиот период, и Барселона беше заинтересирана за него, но доколку Челзи испрати понуда која не може да се одбие, нема сомнеж каде 23-годишниот голман ќе ја продолжи кариерата.