Суспензијата на Ајван Тони поради обложување од осум месеци заврши се врати на фудбалските терени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, неговите денови во Брентфорд се изброени бидејќи на лето сигурно ќе ја промени средината, а интерес за него покажуваат неколку англиски клубови.
Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата и сака да го доведе на „Олд Трафорд“ во летниот преодниот рок.
Тен Хаг е во потрага по нов напаѓач и верува дека Тони би бил одлично решение, но проблем е што Брентфорд бара висока цена за обштетување.
Челзи исто така покажува силен интерес за Тони, па двата клуба ќе водат голема битка за потписот и се спремни да понудат 60 милиони фунти.