Челзи се приклучи во трката за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат англиските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство размислува да си замине од „Етихад“.
Договорот на Стерлинг истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката се во застој.
Сити нема намера да дозволи Стерлинг да замине како слободен агент и поради тоа е спремен да го продаде ова лето, а неколку европски клубови веќе ја почнаа трката за неговиот потпис.
Челзи е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, но „Дејли Мејл“ открива дека Стерлинг бара ганарнии. Имено, тој побарал од Тухел гаранции дека ќе биде во стартниот тим и дека Челзи ќе биде конкурентен за да се бори за титулата во Премиер лигата.