Дома Фудбал Англија Челзи ги суспендираше навивачите кои го навредуваа Стерлинг

Челзи ги суспендираше навивачите кои го навредуваа Стерлинг

После големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити се дигна голема прашина откако неколку навивачи на лондонскиот тим расистички го навредуваа Стерлинг.

Фудбалерот на Сити се огласи после натпреварот на социјалните мрежи и порача дека е шокиран од извикувањата кој ги слушнал на Стемфорд Бриџ. За среќа фоторепортерите и камерите успеале да го забележат овој момент, па на полицијата не им требаше многу време да откријат за кои навивачи се работи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сините експресно реагирале и евидентирале четири лица кои на разни основи го навредувале играчот на Сити. Одлучено е да бидат суспендирани и повеќе да немаат можност да доаѓаат на натпревари на Челси.

„После полициската истрага утврдено е дека се работи за четворица навивачи и Челзи одлучи да ги суспендира повеќе да не доаѓаат на натпреварите.“ – соопштија од лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не стиснува бурата на Островот, се огласи мајката на Фоден: Одвратно беше да се слушнат такви работи!

Не се смирува бурата откако навивачите на Манчестер Јунајтед пееја навредлива песна и ја н…