Десниот бек на Барелона, Сержињо Дест би можел уште во јануари да го напушти „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дест кај Роналд Куман беше стандарден, додека кај Чави не добива шанса, бидејќи не е задоволен од неговата игра во дефанзива и веќе му ја отворил излезната врата.




Барселона сака да го продаде во зимскиот преоден рок, а таквата ситуација сакаат да ја искористат Баерн Минхен и Челзи.




Двата клуба подолго време го следат Холанѓанецот и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Наскоро се очекува двата клуба да испратат понуда, а Барселона за неговата слобода бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.