Дома Фудбал Чави ги собра играчите на заедничка вечера, сметката ја плати Педри

Чави ги собра играчите на заедничка вечера, сметката ја плати Педри

Чави Ернандез синоќа организираше заедничка вечера за фудбалерите на Барселона и стручниот штаб, а медиумите набрзо открија кој ја платил.

На вечерата беа сите фудбалери на Барселона, но и членови на стручниот штаб, а целта на Чави била да ја подобри атмосферата во клубот пред мечот против Баерн Минхен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Прв кој стигнал во ресторанот бил Педри, а „Мундо Депортиво“ откри дека младиот фудбалер решил да ги почести своите соиграчи откако неодамна беше избран за најдобар млад играч во светот.

Исто така, Педри ги почестил своите другари затоа што неодамна го продолжи договорот со Барселона, па многумина биле воодушевени со неговиот потег.

Чави поради синоќешната вечера реши да го одложи денешниот тренинг од 11 часот и да го закаже за 18 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивач на Ливерпул доби забрана за влез на стадион!

Станува збор за 47-годишен жител на Ливерпул, кој беше отстранет од стадионот по прекинот …