Фудбалерот на Нотингем Форест, Ричи Лариa, е пред трансфер во соседството, во тимот на Црвена Звезда.
Српските медиуми пренесуваат дека Црвена Звезда за неговиот потпис ќе плати 500.000 евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Лари игра на позицијата десен бек, а во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Ванкувер во МЛС лигата.
Тој е канадски репрезентативец па во Звезда го препорачал неговиот соиграч од репрезентацијата Милан Борјан.