Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го совлада Австралиецот Ник Кирјос со 2:1 во сетови 7:6 (4), (5) 6:7, 6:1, после еден час и 49 минути игра и така се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во првиот сет немаше брејк, иако Хуркач имаше две прилики да го одземе сервисот на Кирјос, но Австралиецот двете прилики ги спаси. Победникот беше одлучен во тај-брејк, во кој 10-тиот тенисер во светот не изгуби ниту еден поен на свој сервис.




Можеше полскиот тенисер и до брејк на самиот старт на вториот сет, повторно имаше две брејк топки, но ниту овој пат не успеа да ги искористи. И вториот сет се решаваше во тај-бреј, но овој пат подобар беше Кирјос.




Во третиот одлучувачки сет видовме брејкови и тоа два од Хуркач кој така стигна до триумфот и пласманот во полуфиналето на мастерсот во Монтреал.