Репрезентацијата на Хрватска после двата порази од Бразил и Германија, сега успеаа да слават над светскиот шампион Франција со резултат 23:20.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватите не поминуваат во полуфиналето, но оваа победа им е од исклучителна важност затоа што со неа изборија пласман во квалификациите за Олимписките игри. Освен што обезбедија место во квалификациите, Хрватите си обезбедија натпревар за петтата позиција кој ќе го играат во сабота.
До победата Хрватска стигна најмногу благодарение на одличниот голман Марин Шего. Првото полувреме беше изедначено и на пауза се замина со реми 11:11.
Клучен период за победата на Хрватска беше второто полувреме кога Хрватите направија серија од 3:0, а стигнаа и до највиоската предносто д +4 (20:16).
Најефикасен кај „коцекстите“ беше Златко Хорват, кај Французите Мелвин Ричардсон со пет голови се истакна во нападот.