Холандскиот дефанзивец Берт Контерман во 1999 година имал прилика да се пресели во Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфер не се реализирал затоа што тој се исплашил.
Тој отиде прво во Фејенорд, потоа во Глазгов Ренџер, а пред тоа имал понуда од Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лео Бенхакер беше мој тренер и тренер на Реал Мадрид. Ми кажа дека Реал сака да ме доведе, јас му одговорив да не се шегува со мене, не можев да поверувам. Во моите мисли, идниот чекор кој требаше да го направам беше трансфер во Германија или Англија затоа што добро зборував и германски и англиски. Шпанија ми беше застрашувачка и бев премногу нервозен од фактот што би можел да играм за Реал, но што ќе морам да учам шпански“.
„Мислам дека како личност не бев спремен за тој чекор. Можеби направив глупав потег. Реал беше навистина сериозен. Ги имам текстовите од новинарите, ги чував затоа што не ми веруваа дека можам да во Реал Мадрид“, раскажа Контерман.
Во кариерата тој играше за Зволе, Камбур, Вилеем, Фејенорд, Ренџерс и Витесе. Во пензија е од 2006 година за репрезентацијата на Холандија настапи на 12 натпревари.