Дома Трансфер зона Хоакин Кореа има нов клуб

Хоакин Кореа има нов клуб

Францускиот гигант Олимпик Марсеј денес ќе го комплетира трансферот на Хоакин Кореа од редовите на Интер, објави Фабрицио Романо.

Кореа на „Велодром“ пристигнува на позајмица за која Марсеј ќе плати два милиони евра, но Французите ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 10 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Треба да се напомене дека клазулата ќе се активира ако Марсеј обезбеди место во Лигата на шампионите во сезоната 2024/2025.

Во сезоната 2022/2023 Кореа забележа 41 настап во сите натпреварувања во кои постигна четири гола и подели три асистенции, но потоа се поретко добиваше шанса кај тренерот Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ пронајде фаворит за нов голман, спрмена е и понудата

Во тимот на ПСЖ наредната сезона ќе има многу промени, веќе се најавени заминувања на дел …