Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Боде Глимт во Белград со 2:0 и се пласираа во групната фаза од Лигата на шампионите. Еден од најдобрите играчи беше Хванг Ин Беом.
Фудбалерот од Јужна Кореја извонредно се претстави, но по натпреварот ги загрижи навивачите бидејќи посочи дека не знае дали ќе остане во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знам дали ќе останам, имаме уште три дена до крајот на преодниот рок, ќе видиме што ќе се случи.“
Дали би сакале да останете и да играте ЛШ со Звезда?
Секако.
Тој додава дека сите треба да се радуваат на пласманот во Лигата на шампионите, а особено им се заблагодари на навивачите.
Сите треба да бидат среќни и повеќе од тоа. Навивачите го дадоа својот максимум, кога си играч треба да го дадеш најдоброто од себе. Многу сме им благодарни на навивачите.