Дома Кошарка Харден заминува, Филаделфија му бара нов клуб

Харден заминува, Филаделфија му бара нов клуб

Џејмс Харден одлучил да ја прифати опцијата за последната година од договорот. Меѓутоа се очекува Филаделфија наскоро да направи трејд на една од двете најголеми ѕвезди на екипата.

Тоа што ја прифати последната опција од договорот според која би требало да заработува 35.6 милиони долари, не значи дека сигурно ќе биде во Филаделфија. Според новинарот Адријан Војнаровски ова е зелено светло за Сикерси да бараат партнер за трејд на Харден.

Овој потег може да се гледа како услуга од Харден за Филаделфија, бидејќи кошаркарот можеше да стане слободен агент и да бира каде ќе продолжи.

Наводно веќе интерес покажале Лос Анџелес Клиперс и Њујорк Никси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мега во нов кошаркарски проект: АТЛАС спојува 11 екипи од два континента

Младинците на Мега ќе играат во новата меѓународна лига АТЛАС, чиј календар води од Флорид…