Натпреварувањето во втората дивизија на Франција започна со натпревари за викендот, а воведното коло го затворија екипите на Мец и Бастија.
Споменатиот дуел беше прекинат по три минути од бизарна причина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, навивачите на домашниот клуб фрлаа тениски топчиња на теренот во знак на протест за тајмингот на натпреварите. Навивачите бараат натпреварите да се играат за викенд, а не во работни денови.
Сепак, по само неколку моменти страстите се смирија, па натпреварот продолжи.
🚨 Le match entre Metz et Bastia est suspendu pour jets de balles de tennis sur le terrain. 😭🎾
— BeFootball (@_BeFootball) August 19, 2024
Les supporters messins protestent contre les matchs de Ligue 2 en semaine.
📸 @RMCsport pic.twitter.com/ZicykrFa0p