Баерн Минхен пред две години го донесе Хамес Родригез на позајмица од Реал Мадрид и на крајот на сезоната има опција да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баварците се уште имаат време да донесат конечна одлука, но Колумбиецот не е задоволен во Минхен и сака да ја промени средината.
Поради тоа „Билд“ пренесува дека неговите агенти веќе закажале состанок со раководството на Баерн за да слушнат какви планови има германскиот клуб, но и да им ја соопштат својата одлука.
Имено, Хамес не е задоволен во Минхен и сака да ја промени средината, а ситуацијата внимателно ја следи италијанскиот шампион Јувентус.
Наводно неговиот агент Жорге Мендеш веќе имал средба со „бјанконерите“ и постигнал начелен договор за трансфер следното лето.
За очекување е дека Баерн ќе го откупи неговиот договор од Реал за 40 милиони евра, а потоа за неговата слобода сигурно ќе бара околу 60 милиони евра.
#Juventus – Le ultimissime dalla Germania sul colpo #JamesRodriguez ??https://t.co/WDm3Tv0eMv
— calciomercato.it (@calciomercatoit) October 30, 2018