Дома Фудбал Останато Хамес: Во Реал веќе никој не ме сака

Хамес: Во Реал веќе никој не ме сака

Хамес Родригез не верува дека во иднина Реал Мадрид ќе сака да го врати назад откако не беше во плановите на Зидан и направи трансфер во Евертон минатото лето.

Во Евертон Хамес одново соработува со Карло Анчелоти и изгледа дека добро се адаптираше на Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Колумбиецот одговораше на прашањата од навивачите, а еден од нив го запраша дали би можел да се врати во Реал. Родригез даде краток одговор.

„Таму веќе никој не ме сака“, одговори Хамес со што стави до знаење дека тешко повторно ќе заигра за Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…