Дома Фудбал Останато Халанд: Не сум незапирлив, ВАР ме запре

Халанд: Не сум незапирлив, ВАР ме запре

Oна што оваа сезона во Лигата на шампионите го прави младиот напаѓач на Салзбург, Ерлинг Халанд е навистина импресивно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Халанд игра чудесно. Веќе постигна осум гола, а вчера против Генк повторно се запиша во листата на стрелци. Со овој гол Халанд стана првиот тинејџер кој во Лигата на шампионите постигнал барем еден гол на пет натпревари по ред. Еден гол на Халанд му беше поништен затоа што неговиот соиграч Чан направи прекршок во напад. Поради таа ситуација тој се пошегува на своја сметка.

„ВАР ме запре, па очигледно е дека не сум незапирлив. Чан можеби не сакаше да постигнам уште некој гол па го повлече противникот“, се пошегува младиот напаѓач на австрискиот шампион.

Халанд игра навистина спектакуларна сезона. Затоа не е чудо што европските гиганти на големо ги следат неговите настапи, па очекувањата се наскоро да го гледаме во некој поголем клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…