Ливерпул утре гостува кај Саутемптон и ако победи ќе дојде на бод од Манчестер Сити, тоа значи дека титулата во Премиер лигата ќе се решава во последното коло.
Во последното коло Ливерпул ќе го пречека Вулвс, додека Манчестер Сити ќе биде домаќин на Астон Вила. Оваа ситуација привлекува посебно внимание затоа што Астон Вила од клупата ја предводи клупската легенда на „црвените“ Стивен Џерард.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џерард така ќе има прилика доколку остане непоразен да му ја „донесе“ титулата на својот поранешен клуб, секако под услов Ливерпул да слави против Вулвс.
Тимот на Пеп Гвардиола ќе биде фаворит во тој дуел, но дека ќе има голем мотив кај Џерард тоа е сигурно.