Мундијалот во Русија е се поблиску остануваат само уште неколку недели, селекторите ги објавуваат списоците на играчи на кои ќе сметаат, јасно е скоро секој сака да биде дел од најголемото спортско случување.
Сепак, место во секоја селекција има само за 23 играчи, па така Французинот од редовите на ПСЖ си пронајде ангажман на Светското првенство, но не како играч – ќе биде коментатор!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблематичниот Хатем Бен Арфа долго време не беше во плановите на Унаи Емери во ПСЖ и секако дека и тој самиот не очекуваше да добие место помеѓу патниците во Русија.
Бен Арфа како што кажавме ќе биде дел од Мундијалот и ќе работи како коментатор за „Франс Фудбал“, а негов партнер ќе му биде ветеранот кој ја одигра последната сезона за Манчестер Сити, Јаја Туре.
Hatem Ben Arfa devient le chroniqueur spécial de France Football pour la Coupe du monde 2018 https://t.co/kchD2lPx97
— France Football (@francefootball) May 28, 2018