Дома Фудбал Останато Фудбалерот кој влета во продавница со автомобил поради чоколадо е вистински хит (ФОТО)

Фудбалерот кој влета во продавница со автомобил поради чоколадо е вистински хит (ФОТО)

Ситуацијата со фудбалерот младиот фудбалер Петар Бочкај која денес ја шокираше Хрватска стана вистински хит на социјалните мрежи.

Младиот фудбалер на Осијек и член на репрезентацијата на Хрватска до 21 година Петар Бочкај веројатно после вчерашната слободно можеме да кажеме глупост си ја уништи кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што е познато фудбалерот видно во алкохолизирана состојба во раните утрински часови влетал со автомобилот во продавница во склоп на бензинска пума. И ова не звучи толку глупаво, но почекајте да ја слушнете причината.

Не можел да почека вработените да извршат промена на смена за да си купи – чоколадо!

Раководството на Осијек повикало итен состанок на кој било одлучено Бочкај да биде исфрлен од клубот.

Клубот се огласи и со соопштение.

„После вчерашниот инцидент во кој во раните утрински часови под влијание на алкохол е предизвикана голема материјална штета и биле загрозени човечки животи одлучено е Петар Бочкај да биде исфрлен од нашиот тим. Клубот ќе превземе правни мерки со цел да ја надополни направената штета на угледот на клубот со неговите неодговорни и непрофесионални постапки“.

На сеирџиите не им требаше многу да започнат да креираат интересни фотографии и мемиња посветени на оваа крајно неверојатна ситуација. Како и да е веруваме дека на Бочкај не му е до смеење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти пред вечерашниот натпревар: Малкумина од вас новинарите веруваа дека ќе го одржам овој прес денес

Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“, изјави Карло Анче…