Француската репрезентација го освои златниот медал, во екипна конкуренција, на трката на 5 километри на Светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На езерото Балатон француската репрезентација, во состав Осеан Касињол, Логан Фонтејн, Ауриел Милер и Марк-Антоан Оливие, на целта стигна со време 54:05.9 минути.
Остварувањето на францускиот тим беше подобро за 12,2 секунди од репрезентацијата на САД, која го освои второто место, додека на третата позиција траката ја заврши Италија (54:31.0 минути).