Дома Фудбал Останато Франс Фудбал ќе ја бие битката со ФИФА: Се подготвува ли подобар спектакл од оној на ФИФА?

Франс Фудбал ќе ја бие битката со ФИФА: Се подготвува ли подобар спектакл од оној на ФИФА?

ФИФА пред неколку недели оддржа церемонија за доделување на наградата за најдобар играч во 2017. година на која на крајот славеше Кристијано Роналдо.

Церемонијата беше доста гламурозна, па ФИФА постави тешка задача пред организаторите за доделувањето на Златната топка.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во француските медиуми се шпекулира веќе дека Франс Фудбал би можел да ја надвладее ФИФА, а според првичните информации имаат „џокер во ракавот“. Како што се наведува, организаторите веќе донеле одлука дека доделувањето на Златната топка ќе биде оддржано во Париз и тоа на Ајфеловата кула.

Главните фаворити за освојување на оваа награда и овојпат се Кристијано Роналдо и Лео Меси, а својата шанса од позадина ќе ја чека Нејмар.

Да потсетиме, доминацијата на Меси и Роналдо трае веќе десет години, а последен кој покрај нив двајца ја освои наградата беше Кака во 2007.година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…