Дома Фудбал Фотографија од Ла Лига покажува колку лесно може да се манипулира со ВАР (ФОТО)

Фотографија од Ла Лига покажува колку лесно може да се манипулира со ВАР (ФОТО)

„Војната“ помеѓу ФС Шпанија и организаторот на преносите на натпреварите „Медиапро“ доби нова епизода.

До нов конфликт дојде после случувањата во преносот во текот на натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Валенсија кој гостите го добија со 0:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реализаторот на преносот при голот на Черишев прикажа графика на која се гледа дека фудбалерот на Валенсија е во недозволена позиција, додека во ВАР собата заклучија дека позицијата е регуларна.

Во второто полувреме реализаторите прикажаа графика од ВАР собата на која се гледа дека голот е регуларен.

Во ФС Шпанија сметаат дека поставените офсајд линии не се како оние во ВАР собата и тоа го доведува во прашање целиот моментален судиски систем, па се предизвикува и сомневање во регуларноста на натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…