Дома Фудбал Англија Фото: Податоците не лажат – Она што Салах го направи викендов, на Клоп му успеа пред 27 години!

Фото: Податоците не лажат – Она што Салах го направи викендов, на Клоп му успеа пред 27 години!

Изминатиот викенд во Премиер лигата помина во знакот на неверојатниот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах кој против Вотфорд беше стрелец на четири погодци, но и запиша една асистенција.

Сепак, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп и не е толку посебно импресиониран од настапот на Салах против Вотфорд. Имено, Клоп се пофали дека и тој самиот постигнал четири гола на една средба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клоп подолг период од својата кариера играше како дефанзивец, но jа започнал како напаѓач во редовите на Мајц, a според овие податоци и не бил толку лош.

„Дали сум постигнал четири погодоци на една средба? Да! Го направив тоа против Рот-Вајс Ефурт (август 1991). Игравме на гостински терен и на таа средба од германската втора лига стигнавме до победа од 0:5“, се потсети Клоп.

Дека Клоп ја зборува вистината потврдуваат и деталите од оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лајпциг ги поставил условите: Еве што треба да исполни Наполи за да го добие Елмас

Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот ре…