Ерик Гарсија ќе биде ставен на трансфер листата во јануарскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако се вратија сите повредени фудбалери, младиот Шпанец сигурно ќе биде дури петти избор на позицијата стопер и како последен фудбалер за врска и разделбата веројатно ќе биде најдобра опција.
Во одбраната пред него се Пау Кубарси, Иниго Мартинез, а сигурно и Роналд Араухо и Андрес Кристенсен кога ќе се вратат во наредните недели. Гарсија играше по потреба во средниот ред, меѓутоа таму се вратија Гави и Де Јонг.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона одлучила да го продаде по цена од 15 милиони евра и веќе интерес покажале Жирона и Реал Сосиедад.