Дома Фудбал Репрезентации ФИФА на Арапскиот куп ќе тестира нова технологија за офсајд позиција

ФИФА на Арапскиот куп ќе тестира нова технологија за офсајд позиција

Светската меѓународна федерација ФИФА на претстојниот Арапски куп ќе ја тестира новата офсајд технологија која би требало да се применува на Светското првенство во Катар следната година.

Технологијата се потпира на вештачка интелигенција која испраќа сигнали до ВАР системот кога играчот е во офсајд позиција, a потоа останува на судијата да процени дали таквата позиција на играчот влијаела на играта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Технологијата ќе се користи на сите шест стадиони каде ќе се играат натпревари од Арапскиот куп кој ќе се одржи во Катар. Тестови зад затворени врати веќе беа правени на „Етихад“ и „Алијанц Арената“.

Доколку тестирањето на Арапскиот куп биде проценето како успешно тоа ќе биде веројатно доволно добра препорака за употреба на Мундијалот во Катар, но сепак претходно ќе мора да биде официјално одобрена на бордот на интернационалната фудбалска асоцијација во март следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…