Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш е првиот играч на клуб од Суперлигата кој јавно се спротистави на тој проект.
Во главно реакции стигнуваа од клубовите кои не ја прифатија Суперлигата, а Бруно Фернандеш е првиот фудбалер на еден од 12 потврдени учесници кој порача дека не го прифаќа ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топка. Песна. Сон“, објави фудбалерот на Олимпијакос Даниел Поденсе, додека Бруно сподели неговиот пост.
Ќе потсетиме претседателот на УЕФА Александар Чеферин потврди дека на играчите кои ќе настапат во Суперлигата ќе им биде забранет настап на официјални натпревари за репрезентациите што значи дека не би можеле да играат на Светско или Европско првенство.