Дома Видео Фер-плеј потег на викендот: Го запре нападот затоа што неговиот противник се повреди 🎥

Фер-плеј потег на викендот: Го запре нападот затоа што неговиот противник се повреди 🎥

Со години наназад ФИФА и УЕФА го промовираат фер-плејот како составен и главен дел од фудбалската игра, но често знае да изостане во најголемите натпревари.

Сепак, за среќа постојат и фудбалери кои на моменти знаат да покажат дека овој дел од фудбалската игра се уште е жив. За секоја пофалба е потегот на Бард Фине кој се натпреварува за екипата на Бран.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во натпреварот од Првата фудбалска лига во Норвешка неговиот потег стана вирален хит откако по една контра го запре нападот на својата екипа затоа што дефанзивецот на противничката екипа се пожали на повреда.

Фине иако веројатно ќе имаше отворен пат кон голот, застана и ја исфрли топката во аут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дончиќ дели и „банани“: Го „залепи“ најдобриот играч на Оклахома 🎥

Екипата на Далас Маверикс изминатата вечер славеше победа против Охлахома и така дојде до …