Дома Фудбал Останато Фенербахче ќе бара нов тренер: Отказ за Переира

Фенербахче ќе бара нов тренер: Отказ за Переира

Управата на фудбалскиот клуб Фенербахче и португалскиот тренер Витор Переира се договорија за раскинување на договорот.

Фенербахче во неделата одигра 2:2 како домаќин против Бешикташ, а еден ден подоцна управата ја прекина соработката со тренер.

„Постигнат е договор со нашиот фудбалски тим за раскинување на договорот со Витор Переира. Нашите патишта се разделуваат. Му се заблагодаруваме на досегашната работа и труд и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението.

Фенербахче во овој момент е на петтото место на табелата со 28 бодови, дури 14 помалку од водечкиот Трабзонспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гатузо открива детали за кариерата: Светско првенство, Италија и Лацио

Генаро Гатузо зборува за Светското првенство 2006, краткиот престој како селектор на Итали…