Фантастичниот крилен фудбалер на Лион, Набил Фекир ова лето беше на прагот да направи трансфер во Ливерпул. Се беше договорено, цената беше одредена, но падна на лекарските прегледи.
Ливерпул прифати да исплати 53 милиони евра на Лион за Фекир, но но на лекарските прегледи се појави загриженост поради коленото на францускиот репрезентативец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот го „закочи“, Ливерпул бидејќи како што се наведува се обидел да ја намали цената, а на крајот се пропадна.
Денес 25-годишниот Фекир првпат јавно прогови за својот пропаднат трансфер на „Енфилд“ и се чини за се е виновен Ливерпул.
„Слушнав многу работи. Вистинската причина? Тоа го знаат само во Ливерпул. Такви работи се случуваат, тоа е едноставно така. Мораме да одиме натаму, се е тоа во минатото. Потполно се помирив со фактот дека тој трансфер пропадна“, порача Фекир.