Роџер Федер во третото коло го заврши својот настап на Мастерсот во Синсинати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од легендарниот Швајцарец подобар беше Андреј Рублев. Рускиот тенисер славеше со 2:0 во сетови. Беше 6:3 и 6:4.
Во првиот сет Рублев направи два брејка и тоа во вториот и четвртиот гејм, додека Федерер во иста мера возврати во третиот гејм. До крајот двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и првиот сет го доби Русинот со 6:3.
Вториот сет донесе само еден брејк, а го направи Рублев во седмиот гејм па тој дел од играта 70-тиот играч во светот го доби со 6:4 и се пласираше во четвртфиналето.
Рублев во четвртфиналето ќе игра против Данило Медведев кој беше подобар од Јан-Ленард Струф со 2:0 во сетови.