Дома Тенис Федерер: Да не беа навивачите, ќе се повлечев пред шест години

Федерер: Да не беа навивачите, ќе се повлечев пред шест години

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер призна дека поддршката на навивачите му значи многу.

Федерер веројатно е најомилениот лик кај навивачите и каде и да се појави добива голема поддршка. тој порача дека доколку не биле навивачите, ќе се повлекол пред шест години.

„Навивачите ми беа важни во кариерата, се чуствував како дома каде и да одам. Да не беа тие, веројатно ќе се повлечев пред шест години.“ – изјави Федерер во разговор за “Style”.

Инаку, Федерер моментално е со освоени 20 Гренд Слема, а последната ја освои на почетокот на годината во Австралија. За месец дена ќе наполни 37 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…