Дома Тенис Федерер без проблеми во осминафинале на Ролан Гарос

Федерер без проблеми во осминафинале на Ролан Гарос

Роџер Феререр без поголеми проблеми го совлада младиот Норвежанец Каспер Руд во три сета (6:3, 6:1, 7:6) и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Првите два сета Швајцарецот ги доби без поголеми проблеми, а единствено во последниот сет младиот Норвежанец пружи силен отпор одведувајќи го сетот во тај-брејк, кој Федерер го доби со 10-8.

Ова беше 400. победа на Федерер на Грен слем турнирите и втор најстар тенисер кој стигнал до осминафинале на Грен слем.

Противникот на Федерер во следната рунда ќе биде подобриот од Французинот Никола Махут и Аргентинецот Леонардо Маер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…